мвр

Приведен радовишанец осуден на шест години затворска казна

03.12.2023 14:03

Тој бил осуден на казна затвор од шест години за сторено кривично дело по член 188 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за доиздржување на две години од казната...

Вчера во 20.00 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Ј.Ш.(31) од Радовиш. Тој бил осуден на казна затвор од шест години за сторено кривично дело по член 188 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за доиздржување на две години од казната. Лицето е предадено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната.