Аерозагадување

Три дена во Струмица голема аерозагаденост, екологистите бараат засилени инспекциски контроли

03.12.2023 16:08

Во Струмица од вчера стапија на сила мерките за надминат праг на аерозагадување, бидејќи повеќе од два дена мерните станици покажуваат високи концентрации на ПМ 10 честичките повеќе од дозволеното. Граѓаните и еко-активистите бараат поголеми контроли и решенија за чист воздух во овој град …

Три дена мерната станица во Струмица покажува високи концентрации на ПМ10 честички во воздухот повеќе од дозволеното. Вчера просечната вредност изнесуваше 243 микрограми на метар кубен. Струмичани велат дека не можат да излезат на прошетка ниту пак да ги отворат прозорците

Еко-активистите прстот го вперија во индустриските капацитети. Според нив тие се најголемите загадувачи на воздухот во Струмица и побараа поголеми контроли од инспекциските служби

Од службата за брза помош во Струмица соопштија дека вообичаено за време на викендите е зголемен бројот на прегледи и повици бидејќи во овој период матичните лекари не работат. Пациентите претежно се жалат на настинка, високи температури и кашлица

Ослободување од работни обврски на бремените жени, лица постари од 60 години, лица со хронична астма инфаркт и мозочен удар со препорака на матичен лекар. Ова се дел од препораките од институциите откако Струмица го надмина прагот на аерозагадување од вчера.

 

Ване Трајков