Меѓународен ден на лицата со попреченост

Одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост

03.12.2023 17:10

И годинава на Меѓународниот ден на лицата со попреченост револт поради неправдите со кои се соочуваат во општеството и нерешените згрижувачките права. Родителите бараат поголема финансиска поддршка, инклузија на нивните деца во општественото живеење. Здруженијата апелираат за работа на дневни центри …

Во спортска сала во скопска Гази Баба направиле свое место за спортување и дружење. Велат, се борат сами, заборавени од институциите.

Иако 20 години има закон кој обврзува сите објекти да бидат пристапни, работите се движат бавно. И на овој 3-ти декември зборуваме за проблеми што се провлекуваат со години.

Велат помагалата се нивни раце, нозе, без оглед за каква попреченост станува збор. Законот ги ограничува, не може на секоја возраст да се добие одредено помагало.

До Народниот правобранител годинава се поднесени претставки во врска со парични надоместоци – поради попреченост и помош и нега од друго лице; во областа здравствена заштита, рефундирање на средства, работата на дневни центри. Во однос на деца со попреченост најмногу претставки се од областа на образование, поради необезбедени образовни и лични асистенти. Од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација со став дека во нашата држава недостига координација помеѓу институциите и зголемување на финансиските ресурси за отстранување на продолжената дискриминација кон нив. Се проценува дека во државата има околу 200 илјади граѓани со некој вид попреченост.

 

Наташа Јанчиќ-Менковски