Јавно обвинителство

Притвор за тројца осомничени за убиството на Вања Ѓорчевска

04.12.2023 08:38

Одреден притвор за тројца осомничени за убиството на Вања Ѓорчевска. Безживотното тело на 14-годишнато девојче кое исчезна минатата недела беше пронајдено во околината на Скопје. Убиен е и 74-годишен маж од Велес. Мотивот за убиствата е користољубие, информираат од Јавното обвинителство…

Основниот Кривичен суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи притвор од 48 часа на три лица кои беа спроведени во суд, а се осомничени за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

Притворот им е определен поради опасност од бегство и влијание врз сведоци. Тројцата ноќеска се спроведени во Истражниот затвор во Шутка. Се трага по едно лице. За таткото на Вања засега нема изречено мерка за обезбедување на присуство во текот на истрагата.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски денеска во 09:30 часот ќе одржат прес-конференција на која ќе информираат за убиството на 14-годишнината Вања Ѓорчевска.