Собрание

Предлог-буџетот за 2024 година пред Комисија за финансирање и буџет

04.12.2023 09:18

Предлог-буџетот за следната година тежи 5,5 милијарди евра. Владата го карактеризира како развоен и одржлив Буџет кој ги има сите карактеристики за истовремено да го поддржи развојот.

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да го почне разгледувањето на Предлог-буџетот за 2024 година.

Предлог-буџетот за следната година тежи 5,5 милијарди евра. Владата го карактеризира како развоен и одржлив Буџет кој ги има сите карактеристики за истовремено да го поддржи развојот, но и да ја обезбеди фискалната одржливост. Со него, според Владата, се гарантира редовна исплата на платите, пензиите и социјалната помош, како и исплатување на другите потреби на граѓаните и сервисирање на обврските на државата.

Според министерот за финансии Фатмир Бесими, во Предлог-буџетот планирани се пари за повисоки пензии и плати во јавниот сектор, со исклучок на функционерските плати.