Израел ја прошири копнената офанзива на целиот Појас Газа
По еднонеделното примирје се интензивира војната меѓу Израел и Хамас. Силни експлозии се слушаат по должината на Појасот. Израелската армија ја проширува копнената офанзива на целата територија на Појасот...

Израел нападна околу 200 цели на Хамас. Се проширува копнената офанзива низ целиот појас на Газа. Жестоки борби во близина на јужниот град Кан Јунис. Одбраната тврди во училишна зграда откриени тајните тунели на Хамас.
„Израелската армија ја продолжува и проширува копнената операција во секој дел од газа каде што гравитираат центрите на Хамас“, изјави Даниел Хагари, портпарол на израелската одбрана.
Борбите со копнените трупи на Израел на југот ги потврди и Хамас.
„Израел не успеа да ја наруши одбраната на отпорот. Дури и да ги премине јужните граници, отпорот на југ нема да биде помалку жесток отколку на север“, изјави Осама Хамдан, претставник на Хамас во Либан.
Иранскиот министер за надворешни предупредува на прелевање на конфликтот во регионот доколку продолжат израелските напади.
„Проширувањето на војната во регионот е апсолутно можно. Предупредени се сите страни кои сакаат да ја разгорат војната да престанат со убиствата пред да биде предоцна“, изјави Хосеин Амирабдолахиан, министер за надворешни работи на Иран.
Американска делегација пристига во Тел Авив на разговори за повоена Газа. Во истовреме, шефицата на Црвениот крст ќе се обиде да издејствува пристап до заложниците што ги држи Хамас. Катар и натаму останува посветен во преговорите за примирје меѓу завојуваните страни. Продолжува и вкрстениот оган со Хезболах од либанска територија. Како одговор на продолжувањето на израелската офанзива јеменските Хути продолжија со напади на бродови во Црвено Море.
Бојана Крстевски
