Концерт „Бесмртност“

Македонска филхармонија ќе свири класика овечковечена на големото филмско платно

04.12.2023 09:56

Концертот е насловен „Бесмртност“, а ќе прозвучат дела од големите класични мајстори Маскањи, Моцарт, Бетовен, Мусоргски, Штраус, Барток, Вагнер овековечени во филмските ремек - дела на браќата Коен, Скорсезе, Форман, Кјубрик, Аронофски, Копола…

Овој четврток од 20 часот оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт кој претставува возбудлива музичка одисеја во која класиката создава паралелна приказна на големото филмско платно.

Концертот е насловен „Бесмртност“, а ќе прозвучат дела од големите класични мајстори Маскањи, Моцарт, Бетовен, Мусоргски, Штраус, Барток, Вагнер овековечени во филмските ремек - дела на браќата Коен, Скорсезе, Форман, Кјубрик, Аронофски, Копола…

Диригент е местро Вања Ѓумар Николовски.