ОЈО и МВР

Вања била киднапирана за да се изнудат пари од мајката, таткото им кажал на убијците кога девојчето ќе излезе од дома

04.12.2023 10:09

Убиецот ја убил со пиштол исплашен од доказите до кои може да дојде полицијата на веќе започната истрага по пријавата за исчезнување. Нејзиното тело било пронајдено закопано во околината на Скопје...

Вања Ѓорчевска е киднапирана со цел да се изнудат пари од нејзината мајка. Мотивот е користољубие, при што едно од лицата во договор и со знаење, според првичните сознанија, на член на семејството го организира и извршува и кривичното дело со цел да се изнудат пари од мајката на од кои сите осомничени би имале материјална корист, информираше на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Убиецот ја убил со пиштол исплашен од доказите до кои може да дојде полицијата на веќе започната истрага по пријавата за исчезнување. Нејзиното тело било пронајдено закопано во околината на Скопје.

„Осомничени се пет лица, од кои за три веќе е определена мерка притвор. Едно лице е надвор од државата, а таткото на малолетничката е приведен. Извршен е распит и понатаму ќе се преземаат мерки по насока на јавен обвинител“, изјави Спасовски.

Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски нагласи дека сите инволвирани во случајот се идентификувани.

„Мотивот е користољубие при грабнувањето, но потоа станува збор за убиство кое најстрого се казнува според законите. Нема дилема што повеќе да се очекува за сторителите на овој громорозен чин“, нагласи обвинителот Бубевски, додавајќи дека МВР во овој случај постапуваше деноноќно, се извршија многу истражни дејствија кои побаруваа големо трпение, бидејќи во првиот момент не се кажуваа сите детали.

Од МВР и од Обвинителството нагласија дека интензивно се трага по лицето кое е во бегство и дека ќе биде распишана меѓународна потерница. Она што се знае е дека лицето по кое се трага со неговиот адвокат заминува во Белград, од каде се упатува кон Бугарија.

И во случајот со убиството на 74-годишен велешанец, осомничени се истите лица.

Прес- конференцијата на министерот Спасовски и обвинителот Бубевски е во тек, може да ја следите на следниот ЛИНК.