Книга на жалост во училиштето „Јохан Хајнрих – Песталоци“ за почината Вања Ѓорчевска
На службениот влез на училиштето блиските и сите граѓани кои сакаат да оддадат почит доаѓаат да се потпишат во книгата на жалост и го изразуваат своето сочувство за прерано згаснатиот живот на младата Вања.

Во ООУ „Јохан Хајнрих – Песталоци“ денеска е отворена книга на жалост за прерано згаснатиот живот на 14-годишната Вања Ѓорчевска.
На службениот влез на училиштето блиските и сите граѓани кои сакаат да оддадат почит доаѓаат да се потпишат во книгата на жалост и го изразуваат своето сочувство за прерано згаснатиот живот на младата Вања.
Менаџментот на училиштето во соработка со повеќе психолози денеска се во целосна спремност со цел обезбедување поддршка за учениците и комуникација со нив на начин со кој сите полесно ќе го пребродат овој трагичен настан.
