Македонија

Регионалните медиуми пишуваат за грозоморното убиство на Вања

04.12.2023 11:02

„Случајот што го шокираше целиот Балкан“ – вака медиумите во регионот известуваат за грозоморното убиство на малата Вања чиешто тело беше пронајдено синоќа во околината на Скопје...

„Случајот што го шокираше целиот Балкан“ – вака медиумите во регионот известуваат за грозоморното убиство на малата Вања чиешто тело беше пронајдено синоќа во околината на Скопје. РТС, Нова, Радио Сараево, Јутарњи лист – се споделуваат слики и видеа од осомничените. „Ова е монструмот Велибор Манев-злосторникот ја призна вината за убиството. Еден од осомничените е таткото на Вања“- пишува српски Курир. За контроверзниот Палчо сè уште се трага – додава Нова.рс. Таткото на Вања бил „мозокот“ за киднапирањето – објави во најновата вест српскиот портал Информер. Јутарњи лист со ударна вест – Ужас во Македонија! Таткото учествувал во киднапирањето на Вања! Главниот организатор е во бегство!

14-годишната Вања Ѓорчевска беше пријавена за исчезната на 27-ми ноември од страна на нејзината мајка. Во истрагата за нејзиното исчезнување освен специјален тим на МВР беше вклучен и Интерпол.