Руско - украински конфликт

Продолжува војната со дронови меѓу Русија и Украина

04.12.2023 12:00

Осумнаесет руски беспилотни летала пресретнати од украинската воздухопловна одбрана, тврди Киев. Москва соопштува за украински напад врз складиште со нафта во Луганск...

Продолжува војната со дронови меѓу Русија и Украина. Осумнаесет руски беспилотни летала пресретнати од украинската воздухопловна одбрана, тврди Киев. Москва соопштува за украински напад врз складиште со нафта во Луганск. Не прекинуваат ниту борбите на копно. Киев тврди дека ги ослабнуваат позициите на непријателот, Русија пак, дека напредува во воената операција. Тврди дека на Европа и е сè потешко да ја финансира војната на Украина.

„На европејците им станува сè потешко да ставаат пари во украинските буриња без дно. Што се однесува до нас, нашата економија се прилагоди на условите на специјална воена операција и го обезбедува потребниот режим за продолжување“, изјави портпарол на Кремљ, Дмитриј Песков.