Индонезија

Загинати и исчезнати по ерупција на вулкан во Индонезија

04.12.2023 12:07

Единаесет планинари загинаа, а уште дванаесет се исчезнати по ерупција на вулканот Марапи на индонезискиот остров Суматра...

Единаесет планинари загинаа, а уште дванаесет се исчезнати по ерупција на вулканот Марапи на индонезискиот остров Суматра. Потрагата по нив е прекината од безбедносни причини. Голем број планинари повредени и со изгореници се пренесени во болница. Во исчекување на активација на вулканот, властите го подигнаа степенот на готовност и воспоставија безбедносна зона од три километри околу кратерот.

„Времето е против нас. Сè уште има магла околу областа, да не зборуваме за пепелта што се издига. Проблемите со кои се соочуваме во евакуацијата се огромни“, изјави Рајен Оберсил, воен началник на Вирабраја.