Средби на градоначалници во Благоевград

05.12.2013 09:35

Градоначалниците од македонскиот исток

Градоначалниците од македонскиот исток со претставници на бизнис заедницата се сретнаа со нивните бугарски колеги во Благоевржград. Во организација на Македонско- бугарската стопанка комора се одржа првиот состанок за продлабочување на економската соработка меѓу двата региони.

Заеднички настап на македонските и бугарските бизниси на меѓународни пазари, а компаниите да бидат катализатор на локалниот развој. Формирање на еврозона по примерот на Струма меѓу бугарија и Грција. Ова го заклучија градоначалниците на осумнте македонски општини од источниот плански регион, со нивните бугарските домаќини во Благоеврград. Успешноста ќе зависи од политичарите кои треба предрасудите да ги остават зад себе, да нема граници и премини меѓу двете држави, порача првиот човек на Македонско-бугарската стопанска комора.

На иницијативниот состанок што го организираше комората, локалните власти и бизнис заедниците ги договараа идните проекти.

Данокот на политичките стереотипи меѓу двете држави е нискиот износ на меѓусебна економска размена кој изнесува околу 450 милиони евра годишно. Надминувањето пред се на психолошките бариери, треба да ја забрза и продлабочи соработката истакнаа присутните на состанокот.

Катерина Давчева