Ракомет

Лимит за странските, простор за домашните играчи

03.06.2014 16:03

На последната седница на Управниот одбор на ракометната Федерација на Македонија (УО на РФМ) е донесена одлука од натпреварувачката сезона 2015/16 бројот на странски ракометари што ќе може да настапуваат за нашите клубови да се ограничи на 12. Секоја следна сезона тој број би се намалувал за 1 додека не се стигне до најмногу 8 странски ракометари кои ќе ги бранат боите на одделни клубови.
 
Тоа не значи дека клубовите нема да можат да имаат регистрирано повеќе ракометари од странство, но во официјалниот записник на натпреварите ќе може да бидат пријавени во утврдениот максимум. Ваквата идеја беше присутна подолго време меѓу водечките луѓе на македонскиот ракомет, а со нејзината реализација се очекува да се отвори простор за инвестирање и развој во домашни  играчи, а протоа да не се направи драстичен рез во периодот кога неколку наши клубови сериозно инвестираат во квалитетни странски играчи.