Албанската опозиција ја напушти лидерската средба
Како што соопшти Изет Меџити, албанската опозиција бара предвремени парламентарни избори, односно тие да се одржат на 14 и 28 април, односно на 28 април со вториот круг на претседателските да се одржат парламентарните избори.

Албанската опозиција замина од лидерската средба со образложение дека состанокот го напуштил претседателот на Собранието, Талат Џафери и немале со кого да ги соочат аргументите за член на Државната изборна комисија.
Како што соопшти Изет Меџити, албанската опозиција бара предвремени парламентарни избори, односно тие да се одржат на 14 и 28 април, односно на 28 април со вториот круг на претседателските да се одржат парламентарните избори. Во однос на техничката влада сметаат дека треба да има техничка влада и во неа министерските места кои претходно и припаѓале на македонската опозиција, сега да им припаднат ним.
Во однос на изборот на член на ДИК, место кое се испразни откако Кренар Лога стана министер за правда, од албанската опозиција сметаат дека тоа место им припаѓа ним.
Едно од барањата на албанската опозиција е да се овозможи на изборите да гласа и дијаспората.
