Велешанецот Панче Жежовски убиен поради долг од 500 евра
Автомобилот марка „Цитроен“’ со кој е грабнато девојчето Вања, бил одземен од Панче Жежовски, по што бил убиен. Неговото тело е пронајдено кај селото Рудник, месноста Кула...

Велешанецот Панче Жежевски бил убиен поради наводен долг од 500 евра кон едно лице, соизвештел на грабнувањето и убиството, но и сосед на застреланиот. Ова пред истражните органи го кажале тројцата осомничени лице, кои веќе се во притвор. Двајца од нив се велешани, сограѓани на Панче. Меѓусебна поврзаност помеѓу застреланите Вања и Панче е што грабнувањето на девојчето е извршено со автомобилот марка „Цитроен“ на Жежовски.
Телото на Жежовски било пронајдено кај селото Рудник, велешко, во месноста Кула. Неговото тело и на девојчето биле закопани, а биле пронајдени по кажување на соизвршителите, кои пред обвинителите во детали ги раскажале грабнувањата и убиствата. Панче бил изнесен со сила од домот, оти по три дена уште работела греалката, а на масата биле неговата ташна, во која ги немало личната карта и паричникот.
Автомобилот на Жежовски, „Цитроен“, од 22-ри ноември кога му е одземен до 27-ми ноември, кога со истиот автомобил е грабната девојчето, не се појавува на камерите на Сејф сити во Скопје, не бил во движење.
Петар Печков
