Одбојка

Наспроти се, победнички упорни

03.06.2014 16:41

Покрај финасиската немоќ, едно чудо перипетии кој попатно ги пресретнуваат македонските одбојкари и воопшто федерацијата како матична куќа, етузијазмот не ги напушта. Напротив, гризат со сите сили, оние кои сеуште се останати. И наместо да се насочат кон она што е нивна задача, тренингот и натпреварите, тие кубурат и на тоа поле. Секој нов ден им носи ново изненадување, селење по сали кои се без основни одбојкарски предуслови.

Но неисе, македонските одбојкари се дел од групата Б во Европската лига за првпат во историјата на овој спорт. Ќе се игра по два натпревари со секоја од селекција, Турција, Словенија, Австрија и Данска, а се стартува во Грац викендов против Австријците, за кој селекторот Жарко Ристоски вели дека е репрезентација која игра модерна одбојка, додавајќи-”Имаат добра примачка диагонала, одличен коректор кој што настапува во нивните редови. Наша примарна цел е да пробаме да ги неутрализираме нивните напади. Со извојување на една победа или со освојување на 4-5 поени од овие два натпревари, навистина ќе имаме огромна шанса да го продолжиме патот кон успехот.“

По откажувањето на Словенија за завршниот турнир, ќе се оди на системот вкрстување, првиот од А групата со вториот од Б и обратно. Нашите одбојкари сиот акумулиран бес и гнев ќе го насочат на терен за изборување на едно од првите две места со што се надеваат дека ќе допрат до нечии уши и очи. Сигурни се во своите можности одбојкарите, тоа го потврдува и кажаното на капитенот Никола Ѓеорѓиев-”Сега сум горд што можам да кажам дека нашата цел е фајнл-фор и дека секогаш и во секој натпревар влегуваме во победа“.

Ќе ги очекува без ничија и никаква помош пат со автобус околу 10-тина илјади километри низ Европската лига одбојкарите, македонската телевизија својата  подршка кон нив, преку преноси од домашните натпревари, а тоа се на 13-14 јуни во Струмица со Данска и 21-22 во Скопје со Турција.