мвр

Кривична пријава против две лица од Скопје

04.12.2023 15:29

Пријавените, во текот на ноември 2023 година набавиле марихуана и кокаин, кои ги препакувале во помали пакувања за понатамошна продажба, а кои биле пронајдени кај нив...

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Б.(21) и Ф.Б.(26), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „соизвршителство“.

Пријавените, во текот на ноември 2023 година набавиле марихуана и кокаин, кои ги препакувале во помали пакувања за понатамошна продажба, а кои биле пронајдени кај нив, информираат од МВР.