Партиски реакции по убиствата
Сторителите ќе бидат казнети, а МВР и Обвинителството ја извршија најпрофесионално својата работа, вели премиерот Ковачевски. Опозицијата побара оставка од министерот за внатрешни работи...

Сè додека овие две личности го водат МВР, ќе имаме неуспешна полиција да го гони криминалот, а граѓаните ќе се чувствуваат се понесигурни“, реагираат во движењето БЕСА.Надлежните институции, Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство работеле интензивно, целосно го расветлија случајот и ги пронајдоа сторителите на ова грозоморно злосторство. Премиерот Ковачевски задоволен како институциите го расчистиле двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и на пензионерот Панче Жежовски. Според Ковачевски, убијците имаат име и презиме и се надева дека во рамките на судските инстанци ќе ја добијат заслужената казна
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од министерот за внатрешни работи Спасовски зашто дозволил убиецот Палевски пет дена да се шета иако во СВР Скопје официјално пред пет дена е заведена пријава дека Палевски е можен сторител на овие грозоморни убиства, тврдат во ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека на прес-конференцијата на министерот Спасовски и обвинителот Бубевски слушнал енциклопедиски информации без ниту еден конкретен доказ, без ниту што било што МВР и Обвинителството требало да го преземат.
И движењето БЕСА побара од министерот Спасовски и неговиот заменик Назим Буши да си поднесат итна оставка, барем од морални причини.
Игор Панов
