ИЗРАЕЛ-ХАМАС

Израел ја проширува офанзивата во палестинската енклава

04.12.2023 18:15

Израел ја проширува офанзивата во палестинската енклава. Улични борби се водат на југот. Хамас тврди – пружаме отпор. Расте загриженоста од зголемен број цивилни жртви. Тел Авив тврди – се почитува меѓународното право. Најавен нов хуманитарен коридор …

Израел ја прошири копнената офанзива. Главните операции насочени кон југот од Газа. Додека напредуваат кон Кан Јунис, расте загриженоста за повеќе цивилни жртви. Тел Авив тврди – се почитува меѓународното право. Најавен нов хуманитарен коридор. Цивилите повикани на евакуација.

„Им даваме прецизни упатства на жителите на газа коишто се во близина на центрите на гравитација на Хамас, барајќи привремено да се оддалечат од опасноста. Испуштаме летоци со qr-кодови кои отвораат мапа што ги води кон побезбедните области“, изјави Даниел Хагари, портпарол на израелската одбрана.

Хамас најавува жесток отпор.

„Дури и да ги премине јужните граници, отпорот на југ нема да биде помалку жесток отколку на север“, изјави Осама Хамдан, претставник на Хамас во Либан.

Турција ги обвини петте постојани членки на советот за безбедност на он дека ги блокираат напорите за ставање крај на насилството.

„121 земја велат да се прекине војната и крвопролевањата, три до пет земји даваат карт бланш на нападите на Израел. Невозможно е таква структура да донесе мир. Патот кон мирот е преку формирањето на палестинската држава, изјави Реџеп Таип Ердоган, претседател на Турција.

За Израел, палестинската управа може да биде дел од цивилното управување на газа, но откако ќе се исполнат три фактори.

„Прво, целосна демилитаризација на Појасот Газа, второ-воспоставување одржлива реконструкција на начин на кој ќе гарантира дека меѓународната помош навистина ќе биде насочена кон цивилите, а не кон обнова на воената машинерија и трето-дерадикализација на Појасот“, изјави Ејлон Леви, портпарол на израелската влада.

Во истовреме од израелската влада соопштија дека бројот на загинати во масакрот на Хамас од 7-ми октомври сè уште се зголемува, бидејќи исчезнатите лица за кои се верувало дека биле земени за заложници, всушност биле убиени, а нивните тела криени од Хамас. Црвениот крст прави напори да издејствува пристап до другите заложници што ги држи Хамас. Катар и натаму останува посветен во преговорите за примирје меѓу завојуваните страни.

Бојана Крстевски