Кривичен Суд

Таткото на Вања Ѓорчевска е спроведен во Кривичниот суд во Скопје

04.12.2023 19:02

Обвинителството го сомничи како соучесник во случајот каде е убиена неговата ќерка...

Таткото на Вања Ѓорчевска е спроведен во Кривичниот суд во Скопје. Тој пред 24 часа беше приведен. Обвинителството го сомничи како соучесник во случајот каде е убиена неговата ќерка.

Осомничен e дека ги дал информациите за времето и местото кога Вања ќе биде сама. Утринава Обвинителството и МВР кажаа дека тој негирал поврзаност, но дека тие поседуваат докази кој го покажуваат спротивното.

По Вања се трагаше 7 дена а вчера во соопштение Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство соопштија дека таа е пронајдена мртва.