Преспанската ривиера заживува- повратници од Канада вложуваат во хотелиерство
Она што и останува на општината е добро да ја промовира преспанската ривера и да го врати туризмот- велат локалните власти...

По триесет години семејството Нечевски се врати од далечната Канада. Заминаа за парче леб, но се вратија во родната Преспа. Парите што ги спечалија ги вложија во хотелиерство.
Од годинава се рестартира кампот Крани. Одговорните велат сакаме туристите да се вратат на овие некогаш многу посетувани туристички места. Се реновираат објектите, се средува плажата вели, Тами Николовски.
Со насмевка на лицето овој сопственик на камп приколка се сеќава на минатото кога тука летувале повеќе од 7.000 гости.
Она што и останува на општината е добро да ја промовира преспанската ривера и да го врати туризмот- велат локалните власти.
За Преспа велат дека е воздушна бања, а Преспанското езеро втор туристички бисер на Македонија.
Дијана Ценевска
