Украина

Русија и Украина со меѓусебни напади со дронови и беспилотни летала

05.12.2023 09:53

Покрај беспилотните летала „Шахед“, Русија лансираше и шест противвоздушни наведувани ракети с-300, кои гаѓаа цивилни цели во регионите Доњецк и Херсон.

Руската војска синоќа изврши напади во Украина со беспилотни летала. Покрај беспилотните летала „Шахед“, Русија лансираше и шест противвоздушни наведувани ракети с-300, кои гаѓаа цивилни цели во регионите Доњецк и Херсон, тврди Киев.

Од Москва пак, соопштение дека бил спречен обид Украина да изврши терористички напад со беспилотни летала врз Крим.