МВР

Приведен крадец од Прилеп, одземеното вратено на сопствениците

05.12.2023 09:59

Полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода Е.А.(41) од Прилеп. Тој се сомничи дека извршил тешки кражби во возила и дека одзел различни предмети.

Синоќа во 00.00 часот на ул. „Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода Е.А.(41) од Прилеп. Тој се сомничи дека извршил тешки кражби во возила и дека одзел различни предмети.

Украденото е пронајдено и вратено на сопствениците, а по целосно документирање на случајот против Е.А. ќе следува соодветна пријава.