Избори на 8-ми мај, нова Влада до крајот на јуни 2024-та
Според пропишаните рокови изборите би се распишале најдоцна на 28-ми февруари, а техничката Влада би требало да се формира до 28-ми јануари.

Лидерите на парламентарните политички партии на средба во Собранието се договорија првиот круг на претседателските избори да се одржи на 24-ти април, а вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори да бидат на 8-ми мај.
Според пропишаните рокови изборите би се распишале најдоцна на 28-ми февруари, а техничката Влада би требало да се формира до 28-ми јануари.
Имајќи предвид дека вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори би се случиле на 8-ми мај, согласно уставните и законските рокови, инаугурацијата на Претседателот на државата може да се одржи на 12-ти мај, а конститутивната седница на Собранието 20 дена подоцна односно до 28-ми мај.
Новата влада би требало да биде избрана до крајот на јуни 2024-та година.
На вчерашната лидерска средба е постигнат и широк консензус за забелешките за Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР.
