Фудбал

На Европското првенство во фудбал ќе користи топка што ќе сигнализира играње со рака

05.12.2023 10:47

Микрочипот ќе го бележи и точното време на удар на топката, што ќе им помогне на судиите да утврдат дали имало офсајд.

На Европското првенство во 2024 година ќе се користи топка со висока технологија од компанијата „Адидас“.

Како што пренесуваат медиумите, топката ќе биде опремена со микрочип што ќе помогне да се утврди дали е користена рака при нападите кога ќе биде постигнат гол. Овој систем ќе работи заедно со технологијата за следење на екстремитетите, која овозможува создавање на 3D визуелни слики на играчи во реално време.

Микрочипот ќе го бележи и точното време на удар на топката, што ќе им помогне на судиите да утврдат дали имало офсајд.

Евро 2024 ќе се одржи во Германија од 14 до 14 јуни 2023 година. Натпреварите ќе се играат во 10 градови. На завршниот турнир ќе учествуваат 24 репрезентации.