Унгарија
Орбан го блокира влезот на Украина во ЕУ
05.12.2023 11:12
За премиерот на Унгарија, Орбан, Киев не е подготвен да почне преговори за пристап во ЕУ. Побара точката да биде тргната од дневниот ред на претстојниот самит...

Унгарија нема да поддржи ниту еден предлог на ЕУ за почеток на разговори за членство на Украина во блокот, изјави премиерот Виктор Орбан. Според него, прерано е да се почнат официјални разговори со Киев, особено што земјата е сè уште во војна.
Истото го побара и од лидерите на ЕУ кои идната недела се сретнуваат на самит. Во писмо до претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, побара на самитот да не се одлучува за буџетскиот план од 50 милијарди евра економска помош за Киев.
