Катар

Ердоган во официјална посета на Доха

05.12.2023 11:26

Заедно со катарскиот емир, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, ќе копретседаваат со деветтиот состанок на Врховниот стратешки комитет на Турција и Катар...

Турскиот претседател Ердоган во дводневна официјална посета во Доха. Заедно со катарскиот емир, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, ќе копретседаваат со деветтиот состанок на Врховниот стратешки комитет на Турција и Катар.

Односите меѓу Турција и Катар во фокусот на средбата. Се очекува да бидат разменети мислења и за регионалните и глобалните прашања, како и за конфликтот во Газа. Ердоган утре ќе присуствува и на 44-тиот самит на Советот за соработка во Заливот. За време на посетата се очекува да бидат потпишани различни билатерални договори.