Индонезија

Пронајдени нови тела по ерупцијата вулканот на Марапи

05.12.2023 11:31

Индонезиската полиција соопшти дека пронашла нови тела, по вулканската ерупција на планината Марапи која ги изненади планинарите, со што бројот на загинати се искачи на 23...

Индонезиската полиција соопшти дека пронашла нови тела, по вулканската ерупција на планината Марапи која ги изненади планинарите, со што бројот на загинати се искачи на 23.

Во неделната ерупција, Марапи исфрли дебели слоеви пепел високи до 3.000 метри, а околните села и градови беа прекриени со тони вулкански остатоци што ја блокираа сончевата светлина.