Партии

Власта и опозицијата со различни погледи за случајот со двојното убиство

05.12.2023 11:57

Според СДСМ, МВР и Јавното обвинителство покажале професионалност и навреме презеле соодветни и интензивни активности за пронаоѓање на сторителите. Опозицијата бара оставка од Спасовски.

Власта и опозицијата со различни погледи за начинот како надлежните институции го водеа случајот за двојното убиство. Според СДСМ, МВР и Јавното обвинителство покажале професионалност и навреме презеле соодветни и интензивни активности за пронаоѓање на сторителите на грозоморното злосторство.

Според ВМРО-ДПМНЕ, фактот што главниот осомничен, Љупчо Палевски е во бегство покажува дека МВР и Спасовски не реагирале навреме, а оттаму прашуваат и зошто служат камерите ако цела недела не се знаеше ништо за детето. Опозицијата бара оставка од Спасовски.