Зеленски најавува нова тактика на бојното поле
650 дена војна во Украина. И двете страни тврда дека уништиле дронови кои биле упатени кон нивните територии. Киев објави дека ја менува тактиката – се брани во одредени делови на фронтот, на други продолжува со офанзивни операции.

650 дена од почетокот на руската агресија во Украина. Оптимизмот и желбата за победа кај Украинците не запира, но американската помош за земјата е ставена под знак прашалник. Финансиите од САД наменети за Киев, се речиси потрошени.
Конгресот треба да одобри нови средства, но таму отпорот против дополнителниот пакет финансиска помош, се повеќе се зголемува. Претставничкиот дом е контролиран од републиканци кои имаат тесно мнозинство, а тие сметаат оти финансирањето на Украина, станало политички контроверзно. Белата куќа со апел до Претставничкиот дом-итно да одобри средства за Киев.
„Верувам дека секој член на конгресот кој не поддржува финансирање на Украина, гласа за исход што ќе му олесни на Путин да дојде до превласт. Гласањето против поддршката на Украина е глас за подобрување на стратешката позиција на Путин. Гласањето против дополнителното финансирање за Украина, ќе и наштети на Украина и ќе и помогне на Русија. Ќе и наштети на демократијата и ќе им помогне на диктаторите“, изјави Џејк Саливан – советник за национална безбедност во Белата куќа.
На терен борбите се интензивираат. Украина со масивни напади со беспилотни летала. 26 дронови биле уништени над руската територија, 15 биле пресретнати над Азовско море и над полуостровот Крим, обвинуваат од руското Министерство за одбрана. Украинскиот претседател Зеленски, најавува нова тактика на бојното поле. Тврди оти биле уништиле повеќе руски артилериски системи, а бил ликвидиран и висок руски генерал.
Маја Стојанова
