Доживување на македонската историја во Музејот на македонската борба

03.06.2014 17:20

Рамнодушноста е странец во просториите кадешто се овековечува кроткоста на јагнето, токму како и душата на нашиот човек, ама и борбеноста од прадедо како на дедо Иљо Малешевски. Посиромав ќе остане тој што нема тоа да го види...

Мајчин лелек... Братски гнев... Солзи, крв... Од турско ропство до народноослободителната борба, Македонец во зандани. Оплакуван, ама и бодрен .. Постојано поттикнуван од единствениот човечки порив  – слободата. Казната со главата на Чакаларов или смрта на Пинџур, како данок за денешнината.

Генерации ги положија своите животи, па сето тоа живописно и верно му се прикажува на посетителот- новата постановка во Музејот на македонската борба.  Ги сретнавме првите со впечатоците. Некој одовде, други дури од Америка.

„Прекрасно е во музејот, препорачувам да дојдат во Скопје, градот е прекрасен, луѓето се одлични“, вели една странска туристка.

„Секој излегува исполнет од тука со многу чувства“, вели еден посетител.

Рамнодушноста е странец во просториите кадешто се овековечува кроткоста на јагнето, токму како и душата на нашиот човек, ама и борбеноста од прадедо како на дедо Иљо Малешевски. Посиромав ќе остане тој што нема тоа да го види.

„Успеваме на некој начин периодот кој го имаме во онаа основна голема поставка да го покриеме со одредени секвенци и тука, но понепосредно, со многу повеќе емоции и драма“, објаснува директорот на Музејот на македонската борба, Бранислав Светозаревиќ.

Новата постановка стартуваше. Вашиот репортер нескромно може да ви пренесе дека тука ќе се соочите со тенката линија на сегашноста и минатото.

И неодминливо во фоајето на Музејот, посетителот ќе ја има средбата со Димитров, Черчил, Сталин и сите оние кои имале рефлексија во неговото минато за денеска да ја почувствува иднината и сегашноста да ја доживее како дел од таа историја.

 

Фиљана Кока