Македонија

Да продолжи психолошката поддршка за младите, апелираат психолозите

05.12.2023 12:36

Грозоморното убиство остава длабока рана врз целото општество. Социолозите и психолозите предупредуваат дека ова несомнено ќе влијание врз менталното здравје на младите. Советуваат родителите да поминуваат многу повеќе време со своите деца…

Родителите да бидат модел на однесување за справување со кризни и стресни ситуации на своите деца, апелираат психолозите. Велат, потребни се интензивни кампањи за освестување, по вакви трауматски ситуации, за да се заштити менталното здравје на младите. Сепак, стравот е природен, но потребно е да се работи на свесноста, како ќе се справиме со ситуацијата. Апелот е да продолжи психолошката поддршка за младите.

Потребна е национална стратегија за борба со кој било вид насилство, смета професорката Стојановска-Иванова од Институт за социологија при Филозофскиот факултет. Таа вели, потребно е да се работи на сите сегменти. Во образованието е запоставена воспитната компонента, која е најважна за градење здрава нација.

Психолозите и социолозите велат дека е потребно да се ресетира целиот систем, за да нема изгубени генерации.

 

Ана Јосифоска - Тодоровска