Истрага

Расветлување на двојното убиство, се чекаат наодите

05.12.2023 13:17

Обдукцијата е завршена, телата се предадени на семејствата. Се чекаат наодите, по што полицијата ќе поднесе кривична пријава против осомничените...

Македонија тагува по Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Обдукцијата е завршена, телата се предадени на семејствата. Се чекаат наодите, по што полицијата ќе поднесе кривична пријава против осомничените. Таткото на Вања е во притвор, по Љупчо Палевски е распишана меѓународна потерница. Одреден му е 30-дневен притвор. Истрагата треба да ги расветли сите околности под коишто се случи грозоморниот настан. Известува Наташа Гркова-Петрушевска.