„Еуромакс“ уверува дека нема да користи цијанид во „Иловица“
И покрај отпорот на дел од локалното население, компанијата „Еуромакс“ не се откажува од отворањето на рудникот „Иловица“ во струмичката котлина. Оттаму тврдат дека ја разбираат загриженоста за последиците по животната средина, но, уверуваат дека тие ги практикуваат најсовремените практики. Тие повторно бараат спојување на двете концесии...

Нема да користиме цијанид, ниту било каква цијанидна супстанција при експлоатација на минерални суровини во рудникот „Иловица-Штука“ тврди највисокото раководство на „Еуромакс Ресоурцес“. Велат дека ќе инвестираат во најсовремени технологии кои овозможуваат управување со отпад според методологијата за „суво јаловиште“.
Кој ќе плаќа по 2 милиони долари секоја година во наредните 300 години за чистење на киселина која ќе истекува од јамата што ќе се наполни со вода која ќе реагира со карпите и ќе направи природна сулфурна киселина – прашуваат од „Здрава котлина“. За нив спорна е и концесијата, а за сите промени треба да има јавна расправа.
„Еуромакс“ испрати писмо до Министерството за животна средина и просторно планирање, кое како што велат треба да ги расчистување на сите дилеми за рудникот „Иловица“. Оттаму повторно повикаа да им се дозволи спојување на двете концесии.
Александра Велинова
