Уставниот суд донесе времена мерка за покачувањето за 30 отсто на платите во Министерство за финансии
Ова значи дека во оваа фаза, судот изразува сомнеж во уставноста на сегашното посебно правило со кое се исплаќаат 30% како надополнување на основната плата на вработените во Министерството за финансии, и на органите во неговиот состав.

Уставниот суд на седница поведе постапка за оценување на уставноста на членот 66 став 3 и став 4 од Законот за буџети.
Ова значи дека во оваа фаза, судот изразува сомнеж во уставноста на сегашното посебно правило со кое се исплаќаат 30% како надополнување на основната плата на вработените во Министерството за финансии, и на органите во неговиот состав.
Судот на седницата донесе времена мерка да се запре надополнување на плата во износ од 30% на конкретните вработени. Уставниот суд во понатамошната фаза ќе донесе конечна одлука дали ќе го укине или ќе го поништи оспорениот член од Законот за буџети.
