Македонија

Обид за киднапирање во училиштен двор во Карбинци, МВР демантира

05.12.2023 15:07

Според градоначалникот на Карбинци, утринава имало обид за киднапирање на двајца ученици од дворот на училиштето „Страшо Пинџур“. СВР Штип демантира дека се работи за обид за киднапирање и апелира граѓаните да не наседнуваат на шпекулации кои се пласираат за да предизвикаат постојано чувство на страв и несигурност…

Утринава во 9:30 имаше неуспешен обид за киднапирање на ученик од шесто и ученичка од деветто одделение од дворот на основното училиште „Страшо Пинџур“ во Карбинци, изјави градоначалникот Виктор Паунов. Додаде дека за ова ќе има средба со општинскиот совет за безбедност и ќе бара поголемо полициско присуство.

„Имало таков обид, се обиделе оние габнувачи да ги воведат децата во возилото коешто влегло до почетокот на дворот. Безбедносните камери го имаат фатено возилото. Се работи на расчистување односно на утврдување на регистарската таблица на самото возило“, изјави градоначалникот на Општина Карбинци, Паунов.

СВР Штип работи на расчистување на случајот, кој не се квалификува како обид за киднапирање. Се работи по пријава од училиштето дека утринава машко лице со автомобил „Голф“ дошло во училишниот двор и поканило ученичка на кафе, но таа се вратила во училиштето и пријавила кај директорката.

Славица Величковска