Стејт Департмент

Кочо Анѓушев ставен на „црната листа“ на САД

05.12.2023 15:12

Во соопштението се образложува дека Анѓушев ја искористил владината позиција за приватни бизнис интереси. Според Стејт Департментот, со корупцијата Анѓушев ја поткопал довербата на јавноста во македонската влада, во институциите и во јавните постапки.

На Кочо Анѓушев, поранешниот вицепремиер во македонската влада во периодот 2017-2020, му е забранет влез во Соединетите Американски Држави поради негова вклученост во значајна коруптивна активност, соопштуваат во американскиот Стејт Департмент.

Во соопштението се образложува дека Анѓушев ја искористил владината позиција за приватни бизнис интереси. Според Стејт Департментот, со корупцијата Анѓушев ја поткопал довербата на јавноста во македонската влада, во институциите и во јавните постапки.

Забраната на Стејт Департментот за влез во САД се однесува и на сопругата на Анѓушев и на двете деца.

Во соопштението се наведува дека со забраната, Соединетите Американски Држави ја потврдуваат поддршката на сите кои бараат одговорност од корумпираните јавни функционери во Македонија.