Во 23 града во Македонија нема дежурни лекарски лужби за време на викендите
Тука се и сите туристички центри. Фондот најавува контроли и апелира здравствените домови да ги исполнат своите обврски задолжителни од 2007 година...

Охрид, Битола,Тетово, и уште 20-тина други градови немаат дежурни лекарски служби преку викендите, освен итната медицинска помош. Од Фондот за здравствено осигурување утврдиле дека нема ниту еден препишан рецепт, што значи се урива концептот на организирање дежурни аптеки, а осигурениците не можат да ја добијат потребната здравствена услуга
„Добивме многу поплаки од осигурениците...Ние не можеме да раскинеме договор со здравствен дом бидејќи сепак тој е јавна здравствена установа. Покрај парична козна којашто е најмал проблем во моментот, проблем е што осигурениците немаат здравствена заштита. Ние, заедно со здравствените домови и со матичните лекари ќе воведеме дежурни служби таму каде што треба“, вели Маја Парнарџиева-Змејкова директорка на ФЗОМ.
Скопје е меѓу најорганизираните центри. Во 7 поликлиники има и дневни и ноќни дежурствана матични лекари и на други тимови. Од пред неколку дена и во Поликлиниката Идадија во саботите дежураат матични лекари од 7 до 19 и 30, а потоа продолжува ноќната служба, која по шестгодишен прекин,повторно функционира од минатата година.
„Бенефитот за граѓаните е без разлика каде се наоѓаат на територијата на град Скопје, може да добијат услуги од матичните доктори бидејќи користат печати на установата и можат да добијат и лекови на рецепт“, вели директорката на Здравствен дом – Скопје, д-р Татјана Баевска- Вучковиќ.
Здравствена услуга во скопските поликлиники преку викенд може да добијат и децата и возрасните и сите граѓани, без разлика на местото на живеење.
Соња Стојановска
