Ковачевски во работна посета на Брисел
Премиерот Ковачевски, утре ќе ја отвори последната сесија од скринингот посветена на Кластер 6 кој ги опфаќа: поглавјето 30 – надворешни односи и поглавјето 31 – заедничка, надворешна и безбедносна политика...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски е во работна посета на Брисел. Во рамки на работната посета, премиерот Ковачевски, утре ќе ја отвори последната сесија од скринингот посветена на Кластер 6 кој ги опфаќа: поглавјето 30 – надворешни односи и поглавјето 31 – заедничка, надворешна и безбедносна политика. Со затворањето на овие поглавја скрининг процесот за Северна Македонија ќе биде официјално завршен.
Како што соопштуваат од владината прес-служба, премиерот Ковачевски воедно ќе оствари работен состанок во Европскиот Парламент со пратеници, членови на парламентарната група на социјал-демократите, на кој тема на разговор ќе биде проширувањето на Европската Унија и важноста на евроинтеграциите за Северна Македонија и регионот.
