Куманово

Пукање во центарот на Куманово, повредено едно лице

05.12.2023 19:03

Инцидентот се случил во централното подрачје, а улицата и паркинг просторот во моментов се затворени за сообраќај...

Инцидент во центарот на Куманово. Повозрасен кумановец е ранет со два куршуми во двете нозе. Со возило на Итната помош бил пренесен во Општа болница Куманово. Оттаму информираат дека на лицето му била укажана лекарска помош и во придружба на медицински персонал е препратено на хируршката клиника во Скопје. Инцидентот се случил во централното подрачје, а улицата и паркинг просторот во моментов се затворени за сообраќај.

Од кумановската полиција го потврдуваат случајот. Екипите се на терен и вршат увид, по што најавуваат повеќе детали.