Маричиќ од Брисел: Проевропскиот фронт ќе успее да ја реализира прогресивната агенда за проширување на ЕУ
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, вечерва се обрати во Европскиот Парламент во Брисел, Белгија на семинарот организиран од пратеничката група Социјалисти и демократи, S&D на темата „Обликување на прогресивната агенда за проширување“...

Маричиќ на панелот ги рефлектираше најпрогресивните вредности на Европската Унија од каде што доаѓаат најнапредните и разумно базирани визии за иднината на оваа наша европска заедница.
Ова е движечката определба на групата на социјалистите и демократите во Европскиот Парламент од којашто во една исклучително сложена геостратешка ситуација произлегоа препораките коишто се преточија во Резолуција на Европскиот Парламент за сеопфатни реформи на Договорот за ЕУ.
Вицепремиерот во своето обраќање истакна дека оваа политика се покажува како мотор на мирот, демократијата, владеењето на правото и благосостојбата во Европа за сите земји кои беа опфатени со претходните проширувања.
Маричиќ истакна дека новиот пристап ја редефинира улогата на ЕУ како заедница на народи која презема иновации и лидерство во меѓународните односи и особено во политиката на проширување.
Со Планот за раст како составен инструмент на Пакетот за проширување Западен Балкан доби брза лента на патот за евроинтеграција на земјите од регионот со временска одредница во којашто треба да се завршат домашните задачи.
Вицепремиерот пред парламентарната група истакна дека сега сме исправени пред момент кој претставува посебна шанса за земјите од Западен Балкан којашто треба да се искористи. Додавајќи дека лидерите на земјите од Западен Балкан е да ја прифатат одговорноста за да ја заокружат европската интеграција на својата земја како единствен пат кон просперитетна иднина.
Понатаму вицепремиерот додаде дека за оваа Влада и неговата мисија како Вицепремиер е да се создадат услови граѓаните од регионот да се почувствуваат како е да се биде дел од Европската Унија многу порано од предвиденото, со фокус на реализација на Планот за раст и 2030 како индикативна година за приклучување.
За крај Маричиќ заклучи дека Северна Македонија се соочува со голема важна битка за усвојување на уставните измени, но не само за уставните измени, туку и борбата за победа на проевропскиот блок воден од социјалдемократите и прогресивните политички сили наспроти антиевропскиот блок кој има за цел да ја врати државата во тунелот во кој се наоѓаше државата 11 години во која општеството беше комплетно задушено.
На семинарот „Обликување на прогресивната агенда за проширување“ организирана од социјалистите и демократите воведно обраќање имаше претседателката на S&D Ираче Гарсија Перез, по што се обратија претставници на социјал-демократските политички опции од Косово, Украина и Грузија.
