Осомничените за убиствата на Вања и Панче повторно спороведени во Кривичен
Под силно полициско обезбедување тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка кој ќе одлучува по новото барање за мерката притвор, овој пат од 30 дена...

Таткото на Вања Ѓорчевска, Александар и тројцата осомничени за киднапирање и убиство на 14-годишното девојче и 74 годишниот Панче Жежовски, вечерва повторно се донесени во Кривичниот суд.
Под силно полициско обезбедување тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка кој ќе одлучува по новото барање за мерката притвор, овој пат од 30 дена.
Притвор од 48 часа се бара и за уште едно лице, 46 годишен скопјанец кој беше приведен под сомнение дека му помагал на Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежов, да избега во Турција преку Бугарија и Србија.
