Временска прогноза

Повремено облачно со повремени врнежи од дожд

06.12.2023 08:32

Во текот на денот врнежите ќе престанат, а нови врнежи ќе има во ноќните часови кон четврток.

Времето денеска во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините снег, особено претпладне. Во текот на денот врнежите ќе престанат, а нови врнежи ќе има во ноќните часови кон четврток.

Минималната температура ќе се спушти до 1 степен, а максималната ќе достигне 11 степени. Во Скопје облачно, претпладне со врнежи од дожд.