Форум

Отворен форум за антикорупција

06.12.2023 08:51

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамки на Програмите „Граѓаните против корупцијата“ и „Регионална мрежа за антикорупција“ (СЕЛДИ), денеска и утре во Скопје го организира „Отворениот форум за антикорупција“.

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамки на Програмите „Граѓаните против корупцијата“ и „Регионална мрежа за антикорупција“ (СЕЛДИ), денеска и утре во Скопје го организира „Отворениот форум за антикорупција“

Како што информираат од МЦМС, целта на овој Форум е учесниците преку дискусии да се осврнат на антикорупциските предизвици со кои се соочува општеството и заеднички да дискутираат за мерките и политиките кои се преземаат и треба да се преземаат на ова поле.

На Форумот се очекува да бидат презентирани Извештајот за процена на корупцијата на Република Северна Македонија, антикорупциските перформанси во јавните набавки на институциите на централната и локалната власт и Годишниот извештај за компаративна евалуација за јавните набавки во земјите на Западен Балкан. На првиот ден од Форумот, како што најавуваат од МЦМС, ќе се обратат претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија, НЕ Давид Гир, Дон Кармин, директорката на УСАИД за демократија и добро владеење, заменик претседателката на Владата на задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска и главниот државен ревизор од Државниот завод за ревизија, Максим Ацевски.