Евроинтеграции

Премиерот Ковачевски ќе присуствува на последната сесија од скриниг процесот во Брисел

06.12.2023 09:00

Премиерот Ковачевски во работна посета на Брисел, каде ќе ја отвори последната сесија од скринингот, посветена на кластерот 6, кој ги опфаќа поглавјата 30 и 31-надворешни односи и заедничка...

Премиерот Ковачевски во работна посета на Брисел, каде ќе ја отвори последната сесија од скринингот, посветена на кластерот 6, кој ги опфаќа поглавјата 30 и 31-надворешни односи и заедничка, надворешна и безбедносна политика.

Со нивното затворањето, скрининг процесот официјално ќе заврши. Премиерот Ковачевски ќе оствари работен состанок во Европскиот парламент со пратеници, членови на парламентарната група на социјал-демократите, на тема проширувањето на Европската унија и важноста на евроинтеграциите за Македонија и регионот, соопштија од владината пресслужба.