Сообраќај

Снег на Попова Шапка, магла на Плетвар

06.12.2023 09:16

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот...

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Намалена видливост поради појава на магла до 100 м. има на планинскиот превој Плетвар, соопшти ЈП Македонијапат.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.