Музеј

Настан посветен на можностите на програмата „Креативна Европа“

06.12.2023 09:22

Со дискусија посветена на „Европската димензија и одржливоста на европските престолнини на културата (ЕПК 2028)“ денеска во Музејот на македонската борба за самостојност почнува дводневниот транснационален и вмрежувачки настан посветен на можностите на програмата „Креативна Европа“-потпрограма Култура.

Со дискусија посветена на „Европската димензија и одржливоста на европските престолнини на културата (ЕПК 2028)“ денеска во Музејот на македонската борба за самостојност почнува дводневниот транснационален и вмрежувачки настан посветен на можностите на програмата „Креативна Европа“-потпрограма Култура.

Како што информира Министерството за култура, претставници од Град Скопје и францускиот град Руан кои се во фаза на назначување за Европски престолнини на културата (ЕПК) за 2028 година, се поканети да ги споделат искуствата на оваа тема. Претставниците на Канцелариите на Креативна Европа (Култура) од Белгија, Германија, Словенија, Албанија, Црна Гора, Србија, Грузија и од Северна Македонија, на работилниците денеска и утре во Музејот на македонската борба и во Порта „Македонија“ ќе ги претстават можностите на Програмата „Креативна Европа Потпрограма Култура“ за 2024 година, како единствен инструмент на Европската Унија наменет за поддршка на европската културна соработка изразена преку културното творештво и обединување на различностите. Посебно внимание ќе се посвети на тековниот повик за „Проекти за европска соработка“ за 2024 година, за кој ќе бидат споделени и совети за подготовка на успешни апликации со европска димензија.

Организирањето на овие работилници е во контекст на заложбите на Министерството за култура за олеснување на пристапот на што поголем број корисници од културните и креативните сектори во новата програма на Европската Унија.

Дводневниот транснационален настан е во организација на Министерството за култура и Канцеларијата за Креативна Европа (Култура), во соработка со партнерите и соработници: Град Скопје (ЕПК 2028), Градот Руан, Франција (ЕПК 2028) и Канцелариите на Креативна Европа (Култура) од земјите членки на Европската Унија (Белгија, Германија, Словенија), земјите од Западен Балкан (Албанија, Црна Гора, Србија) и земјите од источното соседство на Европската Унија (Грузија).

 

 

 

Фото: / Министерство за култура