Скијање

Линдзи Вон не може без омилениот Лејк Луис

06.12.2013 09:59

Најуспешната алпска скијачка на денешницата, Американката Линдзи Вон, ќе се врати на снежните патеки на двата спуста во канадски Лејк Луис, коишто ќе се возат вечер и утре вечер.

Само што се опорави од тешката повреда на коленото којашто ја заработи на отворањето на Светскиот шампионат во Шладминг во февруари, минатиот месец скина лигамент на коленото, по што беше и оперирана. Сепак, побрзо од очекувањата Вон повторно ќе застане на скии и тоа на нејзината омилена патека.

Конечните дилеми дали ќе учествува на првите натпревари во брзите дисциплини во новата алпска сезона, ги разреши по тренинзите вчера и завчера.

„Обично знаете дали вашето тело е подготвено или не е. Јас знам дека сум подготвена. Ова е обично прв спуст, така што за мене секако е нормален почеток на сезоната. Се чувствувам одлично“, изјави Американката.

На четирикратната лауреатка во Светскиот Куп од 2008, 2009, 2010 и од 2012 и недостигаат само уште три триумфи за да го достигне рекордот на Австријката Анемари Мозер-Прел од вкупно 62 победи. Дури 14 од досегашните 59 успеси во кариерата Вон оствари токму во Лејк Луис, вклучувајќи ги и „хет-трик“ победите во сите три дена од викендите во овој зимски центар (два спуста и супервелеслалом) во минатата и предминатата сезона.

„Лејк Луис отсекогаш премногу ми значел, така што навистина многу сакав враќањето да ми биде овде“, изјави Вон, која знае дека ќе мора да избегне нови повреди ако сака за два месеца во Сочи да ја одбрани олимписката титула во спуст од Ванкувер. Сепак, засега не си наметнува притисок за нов триумф и во Русија, туку се фокусира само на тоа да настапува на натпреварите со што помалку главоболки поради проблематичното колено.

„Сакам само да бидам сигурна дека се ќе биде в ред со моето колено. Така секојдневно ќе ја зголемувам самодовербата. Затоа, засега се насочувам само на овој конкретен момент“, вели Вон.

„Сочи засега е многу далеку. Ќе се фокусирам на коленото и ќе се обидам да си ја вратам самодовербата“, изјави Вон.