Македонија
Обвинителството отвори истрага за две крвични дела грабнување и две убиства на свиреп начин
06.12.2023 10:30
Се товарат за две кривични дела- грабнување и две убиства на свиреп начин, од користољубие. Петтиот осомничен им помогнал при грабнувањето на малата Вања.

Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против пет лица, од кои четворица како соизвршители. Се товарат за две кривични дела- грабнување и две убиства на свиреп начин, од користољубие. Петтиот осомничен им помогнал при грабнувањето на малата Вања.
За четворица осомничени, кои се во 48-часовен притвор, судија на претходна постапка доцна синоќа им определи притвор од по 30 дена.
За 46-годишниот скопјанец, кој му помогнал на Палевски од Србија да замине во Бугарија, а беше уапсен вчера, судот му определи 48-часовен притвор.
